Достапни линкови

Либискиот министер Куса ја напушти функцијата


Либискиот министер за надворешни работи Муса Куса

Либискиот министер за надворешни работи Муса Куса

Либискиот министер за надворешни работи Муса Куса се наоѓа во Британија, бидејќи повеќе не сакал да работи под режимот на либискиот лидер Моамер Гадафи. Британското министерство за надворешни работи соопшти дека тој вчера пристигнал во земјата, при што со часови разговарал со властите. Неговата одлука доаѓа по повлекувањето на бунтовниците од засолништата покрај источниот брег, бидејќи војската на Гадафи напредува и додека светските сили размислуваат дали да ги вооружат бунтовниците.
XS
SM
MD
LG