Достапни линкови

Хрватската амбасадорка во САД именувана за помошник на Расмусен


Хрватската амбасадорка во САД и поранешен министер за надворешни работи Колинда Грабар-Китаровиќ е именувана за помошник на генералниот секретар на НАТО, соопшти денеска хрватското МНР. Таа стана помошник на Андерс Фог Расмусен за јавна дипломатија, изјави портпаролот во Министерството Марио Драгун, но не рече кога ќе ја преземе должноста. Управата за јавна дипломатија е една од шесте управи во канцеларијата на генералниот секретар на НАТО, а на чело на секоја е еден од помошниците. Поранешниот министер за правда Иван Шимоновиќ во 2010 година стана помошник на генералниот секретар на ОН за човекови права.
XS
SM
MD
LG