Достапни линкови

Хрватска нема да ги заврши преговорите со ЕУ во јуни, јавија медиумите


Некои европски дипломати во Загреб изразуваат сомнеж во можноста на завршување на преговорите на Хрватска со ЕУ во јуни годинава, пренесуваат хрватските медиуми. Неименуван дипломат изјавил дека „ќе биде тешко да се завршат преговорите во јуни, ако не и невозможно, и за довршување можеби би требало неколку дополнителни месеци“. Претседателката на Националниот одбор за следење на преговорите на Хрватска и ЕУ Весна Пусиќ, изјави дека Хрватска ќе изгуби на финансиски план ако не ги заврши преговорите со ЕУ во јуни, за што пак се потребни големи напори.
XS
SM
MD
LG