Достапни линкови

Тачи: Следната недела можно е да се реши прашањето за косовски претседател


Хашим Тачи

Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека извршната власт ќе ја почитува одлуката на Уставниот суд за неуставен избор на Беџет Пацоли за претседател на Косово. Тој најави дека следната недела можно е да се реши прашањето за косовски претседател.

„На почетокот на идната недела ќе имаме уставно решение за претседател“, изјави Тачи.

Според него, и покрај проблемот со Пацоли, владејачката коалиција работи нормално. Уставниот суд во почетокот на оваа недела го прогласи изборот на Пацоли за неуставен - во првиот и вториот круг немало кворум од две третини пратеници. Во меѓувреме, Пацоли денеска се повлече од функцијата, согласно одлуката на судот.
XS
SM
MD
LG