Достапни линкови

Иран да не се меша во Бахреин, апелира опозицијата


од немирите во кралството

од немирите во кралството

Лидерот на шиитската опозиција во Бахреин Шеик Али Салем денеска испрати апел до Иран да не се меша во внатрешните работи на кралството. Салем дополнително побара повлекување на странските трупи во Бахреин, предупредувајки дека земјата ќе се претвори во конфликтна зона меѓу Саудиска Арабија и Иран. Пред две недели на покана на сунитската монархија 1,500 војници влегоа во кралството, како реакција на протестите на шиитското мнозинство против владеењето на монархијата. Кралот прогласи вонредна состојба и ја предаде одговорноста за случувањатра во Бахреин на војската.

XS
SM
MD
LG