Достапни линкови

Над сто компании подржани со 43,7 милиони долари од УСАИД


U.S. -- USAID logo, undated

U.S. -- USAID logo, undated

Сто и шеснаесет македонски компании добија финансиска поддршка од 43,7 милиони американски долари преку финансиската платформа на проектот на УСАИД, кој се спроведуваше од 2009 година. На денешната презентација на резултатите од проектот беше посочено дека овие средства на фирмите им овозможија нови инвестиции во вкупна вредност од 75,8 милиони американски долари, кои пак отворија нови 1.066 работни места, а извозот се зголеми за 33,5 милиони американски долари. „Добиените финансии им овозможија на компаниите да инвестираат во нови технологии, да отворат нови работни места, значително да го подобрат својот извоз и да ја зајакнат својата конкурентна позиција на регионалните и глобални пазар“ рече амбасадорот на САД Филип Рикер кој им честиташе на претприемачите кои покажаа решеност за развој и проширувње и кои на глобалната криза гледаат повеќе како на можност, отколку како на предизвик.
XS
SM
MD
LG