Достапни линкови

СДСМ прифати избори


Ние сме тука, порача лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски
Ние сме тука, порача лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски

СДСМ ги повлече сите свои услови и соопшти дека прифаќа избори. Нема да дозволиме Груевски да не натера на бојкот, изјави Црвенковски.

Во СДСМ одлучија - одат на избори. Партијата нема да се врати во парламентот и повеќе нема да водиме никакви преговори со ВМРО-ДПМНЕ и власта, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски на прес конференција:
Г-дине Груевски донесете каков сакате изборен закон, направете каков сакате избирачки список, потрошете колку сакате буџетски пари за себерекламирање, кажете го денот на избори, ние
сме тука.


„Г-дине Груевски, донесете каков сакате изборен закон, направете каков сакате избирачки список, потрошете колку сакате буџетски пари за себерекламирање, кажете го денот на избори, ние сме тука.“

Црвенковски, кој ги повлече сите барања, рече дека нема да му дозволи на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да ја натера опозицијата на бојкот.


„Никола Груевски дефинитивно не сака фер и демократски избори. Никола Груевски сака избори без опозиција и затоа прави се да не натера на бојкот, тој негов план и тоа негово задоволство нема да му го дозволиме.“

Одлуката на СДСМ дека оди на избори без никакви услови значи дека ќе има предвремени избори, а точниот датум ќе се одредува следните денови, комнтираат во ДУИ. Во оваа партија претходнo изјавуваа дека мора да има избори со или без опозицијата, но во измнатиов период се залагаа дека сите партии треба да одат на избори, изјави Тахир Хани:
Никола Груевски дефинитивно не сака фер и демократски избори, Никола Груевски сака избори без опозиција и затоа прави се да не натера на бојкот, тој негов план и тоа негово задоволство нема да му го
дозволиме.


„Мислам дека ова е добар потег за да не се јави криза, во моментот немаме ниту една партија која планира да ги бојкотира изборите, битно е да имаме фер и демократски избори.“

Во ВМРО-ДПМНЕ најавија прес-конференција на која ќе говори лидерот на партијата и премиер Никола Груевски.

Изминативе неколку месеци ги одбележаа натегање меѓу партиите околу датумот на изборите. Имаше и лидерската средба кај претседателот Иванов на која не беше постигнат договор. Последните случувања на политички план го одбележаа барањето на Црвенковски Управата за јавни приходи да не презема дејства против А1 ТВ до изборната кампања и одговорот на лидерот на владејачката партија Груевски кој беше во насока на препорака тој да се откаже од незаконските барања. Во меѓувреме, во собраниска процедура на комисија поминаа измените на изборниот законик со што се отвора пат по нивното усвојување и за предлог за распуштање на Собранието. Собранието треба да избере и претседател на ДИК.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG