Достапни линкови

За 24 часа 15 земјотреси ја погодија Бугарија


За помалку од 24 часа Бугарија ја погодија 15 земјотреси, соопшти денеска Европскиот сеизмолошки центар. Сите земјотреси биле во јужниот дел на земјата од кои најсилниот бил 3,8 степени според Рихтер, со епицентар во близина на градот Хасково. Другите земјотреси со интензитет од 2,3 до 3,6 степени по Рихтер го погодија Симеоновград, Димитровград, Стара Загора и други градови на југот и југоистокот на земјата. Во околината на Тополовград на југоистокот на земјата регистрирани се три земјотреси, со интензитет од 2,4 до 2,5 степени, во временски период од 11 минути, се додава во соопштението на сеизмолошкиот центар. При земјотресите немало повредени и нема податоци за материјална штета.
XS
SM
MD
LG