Достапни линкови

Издадена емисија на обврзници за денационализација тешка 11 милиони евра


Министерот за финансии Зоран Ставрески

Министерот за финансии Зоран Ставрески

Министерството за финансии денеска ја издаде десеттата емисија на обврзници за денационализација во вкупен износ од 11 милиони евра. Со неа се опфатени сите решенија за денационализација кои станале правосилни до крајот на минатата година, кои се надоместуваат со обврзници. На сопствениците на обврзниците, соопшти Министерството за финансии, Централниот депозитар за хартии од вредност на домашна адреса ќе им достави известување за личниот износ на емитувани обврзници. Вредноста на сите десет емисии со кои се обештетуваат граѓаните, изнесува 293 милиони евра.
XS
SM
MD
LG