Достапни линкови

Европа ќе финансира подршка на македонскиот омбудсман


Народниот правовбранител Иџет Мемети

Народниот правовбранител Иџет Мемети

„Поддршка на Омбудсманот“, е насловен 18-месечниот „твининг“ проект финансиран од Европската унија, чиј почеток денеска го означија евроамбасадорот Петер Соренсен, Народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети, омбудсманот на Кралството Шпанија Марија Луиза Кава и шефот на канцеларијата за човековите права на францускиот медијатор, Шарлот Клаврол. ЕУ за овој проект одвои околу 600 илјади евра наменети за поголем број проекти за развивање и зајакнување на вештините на новиот персонал кај Народниот правобранител на Македонија. Целта на проектот, потенцира евроамбасадорот Соренсен, е да се зајакне институционалниот капацитет на Народниот правобранител на Македонија и да се подобри информираноста на граѓаните за надлежностите на правобранителот.
XS
SM
MD
LG