Достапни линкови

Сирија е мета на светски заговор, смета претседателот


обраќањето на Асад во живо се пренесува на националната телевизија

обраќањето на Асад во живо се пренесува на националната телевизија

Ние сме мета на светски заговор, изјави денеска при своето телевизиско обраќање кон нацијата претседателот на Сирија Башар Ал Асад, додавајки дека последните случувања се тест за безбедноста во државата. Лидерот рече дека непријатели работат за поткопување на стабилноста во Сирија, појаснувајки дека не сите луѓе кои протестираа во земјата биле свесни за тоа. „Нашата задача е да ја спасиме безбедноста во државата“, рече лидерот и додаде: „Знаеме дека не ги адресиравме аспирациите на многу луѓе. Реформата е задача на државата но не можеме да се справиме со хаосот“. Асад денеска на кратко спомена спроведување на реформи по протестите во земјата во кои 60 луѓе загинаа, но не се осврна на укинувањето на законот за вонредни состојби. Пратениците во собранието неколку пати го прекинуваа Претседателот, изразувајќи подршка на неговото владеење.
XS
SM
MD
LG