Достапни линкови

ЕК не се согласува со намалениот кредитен рејтинг на Грција


Европската комисија не се согласува со оценката на меѓународната рејтинг агенција „Стандард енд Порс“ за економската состојба на Грција, изјави еден од портпаролите на организацијата. Агенцијата вчера го намали кредитниот рејтинг за два степена од ВВ+ до ВВ-, соопштувајќи дека е многу веројатно земјата да биде принудена да побара уште спасувачки пакет, освен веќе одобрените 110 милијарди евра од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Eврозоната. Со ова намалување на рејтингот, статусот на Грција потонува уште подлабоко во ризичната зона. Според Агенцијата, Атина се уште има значителна потреба од кредити и е многу веројатно да побара дополнителна помош. Грција минатата година беше спасена од банкрот со помош на тригодишниот спасувачки кредит
XS
SM
MD
LG