Достапни линкови

Карзаи јавно проговори за „кил тимот“ на американската војска


Претседателот на Авганистан денеска за прв пат јавно се огласи за дива единица на американската војска која намерно убивала авганистански цивили на лице место. Тој изјави дека би сакал обичните американци да осознаат дека т.н. „кил тим“ убива стари и млади авганистанци и ги масакрира нивните тела на лице место. Магазинот „Ролинг Стоун“ неделава објави фотосторија во која се наведуваат детали за обвинувањата против групата американски војници. Карзаи рече дека го прочитал натписот долг девет страни. „Господ нека ги казни“ додаде претседателот. Американската војска се извини, додека Пентагон соопшти дека фотографиите се чиста спротивност на стандардите и вредностите на Армијата на соединетите американски држави. Дванаесетмина американски војници се обвинети за убивање и масакрирање на авганистански цивили.
XS
SM
MD
LG