Достапни линкови

Економијата се буди?


Според економистите растот на индустриското производство се должи на моментално зголемите цени на металите, но не значи дека тој е одржлив.

Тоа што македонската економија покажа раст на индустриското производство во однос на минатата година, е резулатат на нагло зголемените берзански цени на металите и рудите кои се извезуваат од земјава, но истиот не е одржлив, предупредуваат домашните експерти.
Ние сепак во голема мера сме увозвно зависни и посебно преработувачката индустрија што значи дека од една страна го гледаме зголемувањето на индустриското производство, но од друга страна и увозот или увезената вредност на тие репроматеријали кои што ги увезуваме овде па ги преработуваме е зголемена.

Според економскиот аналитичар Ден Дончев бројките можe да се сменат, пред се поради несигурноста што со себе ја носи глобалната економска ситуација.

„Ние сепак во голема мера сме увозвно зависни и посебно преработувачката индустрија што значи дека од една страна го гледаме зголемувањето на индустриското производство, но од друга страна и увозот или увезената вредност на тие репроматеријали кои што ги увезуваме овде па ги преработуваме е зголемена, што значи дека нето ефектот врз севкупниот БДП оваа година сепак ќе биде релативно мал“, изјави Дончев.

Еве како опозицијата го толкува растот на индустриското производство.


„Самиот раст се базира на три, четири гранки за кои што поради поволните движења на светските берзи имаат поголема побарувачка за нивните производи и во никој случај неможе да се изведе заклучок дека тоа ќе трае долгорочно. Се уште, неликвидноста на стопанството е лоша и владата треба многу, многу повеќе да се ангажира со реални мерки за да и помогне на економијата“,
Овие резултати на променливи цени на раст треба секогаш да се земат со резерва затоа што имаат врска со подготовките на атмосферата пред изборите од партијата на власт.
изјави Марјанчо Николов од СДСМ.

Податоците за зголемениот раст на индустриското производство годинава треба да се земаат со резерва, предупредува поранешниот министер за финасии Џевдет Хајрдини. Тој вели дека бројката од 11 проценти раст на индустриско производство за февруари годинава во однос на лани, е во функција на предизборните подготовки.

„Овие резултати на променливи цени на раст треба секогаш да се земат со резерва затоа што имаат врска со подготовките на атмосферата пред изборите од партијата на власт.“

Хајредини изразува сомневање и во методологијата според која се пресметуваат овие статистички податоци. Бројките, според власта, покажуваат дека економијата се буди. Неодамна министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека македонските фирми почнале да инвестираат и покажуваат позитивни резултати, па според него, проекциите за 3 отсто раст на економијата годинава не се недостижни.

Гледано по сектори, порастот бил најголем во секторот рударство и преработувачката индустрија, каде е забелжан пораст од 8 проценти. Покрај индустријата, раст бележи и градежништвото. Бројките пак, што лани беа објавувани покажуваа многу послаби резулати во истиот период.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG