Достапни линкови

Во Лондон разгледувани можности за нови санкции за Либија


од денешната средба во Лондон

од денешната средба во Лондон

Лидерите на состанокјот во Лондон денеска се согласиле да разгледаат можности за нови санкции против власта во Либија. Следната конференција за ситуацијата во северноафриканската земја ќе се одржи во Катар, најави денеска британскиот секретар за надворешни работи Вилјам Хејг. Запрашањан дали било земено во предвид вооружување на бунтивниците во Либија, Хејг рече дека прашањето било покренато. „Но тоа не е дел од било каков договор денеска. Обединетото Кралство ја има предвид резолуцијата на Обединетите нации“. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ја потврди подршката на САД за легитимните аспирации на Либијците и посветеноста на американската влада за помош во остварувањето на тие аспирации. „За војската се согласивме дека Северноатланскиот совет ќе биде единствениот провајдер на координација за вооружените сили“ рече Клинтон. Таа потврди дека денеска во главниот град на Британија не било договорено вооружување на либијските бунтовници. „Нема никаква потреба за вооружување на либијските бунтовници“ рече американскиот државен секретар. Клинтон исто така ја осуди супресијата на протестите во Сирија и насилствата во кои загинаа демонстранти.
XS
SM
MD
LG