Достапни линкови

Што ги инспирира колумнистите?


Весници, магазини, неделници, печат...

Весници, магазини, неделници, печат...

Што е потребно да се биде добар колумнист, како да се остане актуелен, што кога ќе се јави блокада? Разговаравме со дел од најчитаните колумнисти кај нас.

Дали вие исто како и јас сте зависни од перото на нашите колумнисти? И ако е така и самите знаете кој се на врвот. Дел од најчитаните, најкоментираните и најомилените ги исконтактиравме и еве што велат:

„Мене ми е битно да ја избегнам досадата бидејќи досадата е вирус која ја убива секоја колумна“, објаснува Сашо Мацановски-Трендо.

„Најважно е да се тргне од позиција на љубов“, вели Братислав Димитров.
Најважно е да се тргне од позиција на љубов

Велат ова е осаменичка професија:

„Пишувањето е лична, интимна приказна и не размислуваш за тоа каде ќе се фати семето кое пробуваш да го сееш“, рече Сашо Мацановски-Трендо.

„Зборовите имаат мирис, боја, звук. Значи зборовите имаат што е најважно магично дејство“, се надоврзува Братислав Димитров.

А што кога ќе се јави блокада?

„Тогаш се мачиш со некакви идеи, ги зимаш па ги напушташ, ти држат, не ти држат. Некогаш ќе се шуткаш како блесав, околу зграда додека ти текне. Мислата некогаш не ти е сочна, ти ја стегаш, а она капе многу слабо“,
Пишувањето е лична, интимна приказна и не размислуваш за тоа каде ќе се фати семето кое пробуваш да го
сееш.
коментира Трендо.

„Една од потешките ситуации за пишување е, а тоа го забележав и кај оној талентиран дечко Алек Букарски кој самиот во колумната призна дека Нова година, ако не пишуваш на темата нема да биде актуелна. Но, човек не може секоја година на истата тема да пишува. Што може ново да каже?“, вели Братислав Димитров кого го прашавме што е потребно за да се биде добар колумнист?
Колумна во две и пол минути не е ниту четвртина за една пишана колумна. Мора да кажеш се што си наумил да напишеш. Притоа да има свој личен став и и вторo да разберат тие кои што им го упатуваш.


„Тие што те читаат треба да те сметаат за твој човек, треба да ти веруваат, и да го следат патот на срцето.“

За играта со пишаниот збор му се обративме и новинарот Љубиша Николовски кој преку својот за него само препознатлив стил во ТВ колумна на А1 никого не поштедува.

„ТВ колумна во две и пол минути не е ниту четвртина за една пишана колумна. Мора да кажеш се што си наумил да напишеш. Притоа да има свој личен став и и вторo да разберат тие кои што им го упатуваш. ТВ-колумната има поширок аудиториум бидејќи во пишаната колумна тие одбираат дали ќе те читат или не. ТВ колумната во вести, значи јас одбирам да им ја пратам пораката и тогаш кога тие не сакаат. Значи мора да е многу лесно прифатлива и за уши и за менталниот склоп што го имаат“, вели Љубиша Николовски.
XS
SM
MD
LG