Достапни линкови

Намален кредитниот рејтинг на Грција


Меѓународната рејтинг агенција „Стандард енд Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Грција за два степена од ВВ+ до ВВ-, соопштувајќи дека е многу веројатно земјата да биде принудена да побара уште спасувачки пакети, освен веќе одобрените 110 милијарди евра од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Еврозоната. Со ова намалување на рејтингот статусот на Грција потонува уште подлабоко во ризичната зона. Според Агенцијата, Атина се уште има значителна потреба од кредити и е многу веројатно дека ќе побара дополнителна помош. Грција минатата година беше спасена од банкрот со помош на тригодишниот спасувачки кредит.
XS
SM
MD
LG