Достапни линкови

Клинтон: Нападите врз Либија ќе продолжат


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Лондон изјави дека ќе продолжат воздушните напади против силите на либијскиот лидер Муамар Гадафи, се` додека не се задоволат барањата на Обединетите Нации. „Воената акција на оваа коалиција ќе продолжи се` до целосната согласност на Гадафи со барањата во резолуцијата на Обединетите нации, а тие се: престан на нападите врз цивили, повлекување на неговите трупи од места кои ги освоиле со сила и овозможување на пристап на клучна хуманитарна асистенција за сите Либијци“ рече Клинтон. Американскиот државен секретар го повтори ставот на нејзината држава дека „Гадафи мора да си замине“. На конференцијата во Лондон присуствуваат претставници на четириесет земји и меѓународни организации. Во меѓувреме бунтовничките сили напредуваат во западниот дел на северноафриканската земја. Гадафи денеска побара прекин на како што ја нарече „варватската офанзива“ во неговата земја, додавајки дека ќе ги прифати барања само од Арапската лига.
XS
SM
MD
LG