Достапни линкови

Косовското собрание му предложи на Пацоли да се повлече


Беџет Пацоли (лево)

Беџет Пацоли (лево)

Претседателството на собранието на Косово му предложи денеска на претседателот Беџети Пацоли да поднесе оставка по одлуката на Уставниот суд дека неговиот избор бил неуставен. Потпретседателот на Собранието Џавит Халити изјави дека одлуката на Уставниот суд треба да ја почитува секој на кого таа се однесува и дополни дека доколку Пацоли не поднесе оставка тогаш ќе реагира парламентот. Шефот на Парламентарната група на Алијансата за иднина на Косово Ардиан Ѓини рече дека по одлуката на Уставниот суд, Косово нема претседател. Тој оцени дека одлуката на судот е „фер“, истакнувајќи дека се обелодени сомневањето во нерегуларноста на изборот за претседател на Косово.
XS
SM
MD
LG