Достапни линкови

Сирија остана без влада, се очекува обраќање на Претседателот


Башар ал Асад

Башар ал Асад

Владата во Сирија се распушти по анти- владини протести кои во земјата избиваат веќе неклолку недели. Државната телевизија јави дека претседателот Башар ал Асад ја прифатил оставката на владата на Наји Отри. Информацијата се обелодени додека илјадници демонстранти денеска одржуваат провладини протести во неколку градови во земјата. Во следниве 24 часа претседателот би требало да и се обрати на нацијата и да го соопшти повлекувањето на закон за вонредни состојби стар 48 години. Легислативата беше изгласана по владин преврат во 1963 година, настан кој и` овозможи на партијата на актуиелниот лидер да дојде на власт.
XS
SM
MD
LG