Достапни линкови

logo-print

Незадоволителна економска соработка меѓу Русија и Македонија


Македонија и Русија имаат реални можности за соработка. Македонските компании имаат огромни можности за бизнис зделки на пазарот од 140 милиони потрошувачи. Иако постојат потенцијали, сепак, размената ниту по обемот, ниту по структурата не е на задоволително ниво. Ова беше посочено на денешната шеста деловна средба на Македонско-руската стопанска комора што се одржа во Скопје. „Русија е пазар од 140 милиони потрошувачи. Големината е импозантна – со тоа и можноста за бизнис зделки“ рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески обраќајќи се на средбата.
XS
SM
MD
LG