Достапни линкови

logo-print

Утре во Хаг завршува усната расправа за македонската тужба против Грција


Во Меѓународнот суд на правдата во Хаг утре ќе се одржи последното рочиште од усното соочување меѓу Македонија и Грција по тужбата во врска со прекршувањето на Времената спогодба потпишана меѓу двете земји во 1995 година. Грчката страна утре треба да го даде својот противодговор на одговорот на македонската страна. Според досега изнесените контрааргументи во писмените поднесоци и во првиот дел од усната расправа, Грција бара од Судот да се прогласи за ненадлежен во врска со овој предмет бидејќи смета оти во прашање е одлука на НАТО. Македонскиот козастапник пред МСП и амбасадор во Холандија Никола Димитров во завршното обраќање пред Судот истакна дека Македонија бара јасна пресуда што ќе ја обнови правната стабилност и ќе потврди дека тоа што еднаш е договорено не смее да се користи за да се добие предност по прашањето за името. Експертите кои ги консултираше Радио Слободнба Европа велат дека е неизвесно каква одлука ќе донесе судот, но прашање е и дали пресудата може да придонесе кон значајни промени.
XS
SM
MD
LG