Достапни линкови

Протести на Косово против ЕУЛЕКС


Околу 2.000 етнички Албанци денеска протестираат против полициската мисија на Европската унија во Косово. Апсењето на поранешни припадници на Ослободителната војска предизвика немири во меѓу ветераните од војната на Косово која траеше од 1998 – 99 година. Поранешен министер во косовската влада е еден од 11 уапсени екс -припадници на ОВК, кои се обвинети за убиство на српски затвореници и нивните соработници Албанци. Деветмина се во притвор.
XS
SM
MD
LG