Достапни линкови

Гадафи треба да застане пред суд, смета либијската опозиција


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и британскиот премиер Дејвид Камерон на состанокот во Лондон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и британскиот премиер Дејвид Камерон на состанокот во Лондон

На Муамар Гадафи треба да му се суди за злосторства против човештвото и не треба да му биде овозможен егзил, изјави денеска Шамисидин Абдуломах, портпарол на опозицискиот Либијски традиционален национален совет на конференција во Лондон каде светските лидери дискутираат за состојбата во северноафриканската земја. Пред почетокот на средбата британскиот премиер Дејвид Камерон и францускиот претседател Николас Саркози повторно му порачаа на Гадафи да се повлече. Лидерот, пак, ја повика Контакт групата да ја прекине, како што изјави, варварската и неправедна офанзива против неговата земја. „Вие во Европа и во Соединетите Држави не сфаќате дека оваа варварска и подла воена операција личи на кампањата на Хитлер додека ја освојувал Европа и ја бомбардирал Британија“, изјави Гадафи, наведувајќи дека Либија ќе прифати се што ќе реши Арапската унија. На состанокот на Контакт групата во главниот град на Британија присуствуваат генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун и американскиот државен секретар Хилари Клинтон заедно со претставници на уште 34 земји. Во меѓувреме, бунтовниците се пробиваат во западниот дел на северноафриканската земја, користејки ја предноста која им ја создаваат воздушните напади не меѓународната коалиција.
XS
SM
MD
LG