Достапни линкови

logo-print

Се трупа земја околу Фукушима за плутониумот да не истече во морето


Надлежните во Јапонија трупаат земја и истураат цемент на теренот каде истече плутониум од нуклеарната централа во Фукушима. Како што изјави портпаролот на јапонската агенција за нуклеарна безбедност, плутониомот истекол од една од турбините која била оштетена од цунами брановите а се вложуваат напори да се спречи истекување на радиоактивната материја во морето. Израченоста на почвата е доказ дека радиоактивните прачки кои се користат како гориво за централата „малку се стопиле“ изјави владиниот портпарол Јукио Едано. Плутониомот тешко се распаѓа. Ако се вдише останува засекогаш во човековото тело и може да предизвика канцерогени мутации.
XS
SM
MD
LG