Достапни линкови

logo-print

Раст на индустриското производство за речиси единаесет проценти


Индустриското производство во февруари годинава во однос на истиот месец лани е зголемено за 10,9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, производството бележи пораст во: Енергија за 1.2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 18.2%, Капитални производи за 81.9%, Трајни производи за широка потрошувачка за 22.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.2%.Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 2.7%, во Преработувачка индустрија има пораст од 16.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е регистриран пад од 7.9%. Индустриското производство во првите два месеца од 2011 година, пак, во споредба со со периодот јануари - февруари 2010 е поголемо за 8.5 отсто.
XS
SM
MD
LG