Достапни линкови

Изјавата на премиерот Груевски дека 31 март е најпосакуван термин за распуштање на парламентот ги збуни политичките субјекти.

За СДСМ е нелогично распуштање на парламент, без претходно да се спроведат сите потребни законски процедури. Остануваат на одлуката да не се вратат во собранието додека Груевски не ги смени ставовите за прашањата за кои двете страни се разијдуваат.

„Одговорноста е и нивна и наша. Заради таа заедничка одговорност ние направивме отстапки. Очекуваме владата и парламентот, пред се
Одговорноста е и нивна и наша. Заради таа заедничка одговорност ние направивме отстапки. Очекуваме владата и парламентот, пред се ВМРО-ДПМНЕ и премиерот да донесат одлука во полза на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ и премиерот да донесат одлука во полза на Република Македонија“, изјави потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Од Демократската унија за интеграции велат дека таквата одлука зависи од партиите и засега не постојат индикации дека тие тоа ќе го побараат.

„Можно да се распушти парламентот во секој момент кога ќе се достави барање за распуштање на Собранието. Но за сега нема таква иницијатива, ниту од ВМРО-ДПМНЕ ниту од наша страна“, изјави Тахир Хани од ДУИ.


Тој додава дека во петок ќе се одржи седницата на која ќе се расправа за измените во изборниот законик, а истата ќе продолжи и во сабота. Дали во меѓувреме ќе биде избран и првиот човек на Државната изборна комисија, зависи од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, вели Хани.

„Дали претседателот на Собранието ќе побара оваа точка на дневниот ред да биде неделава или следната, зависи од претседателот на Собранието.“
Можно да се распушти парламентот во секој момент кога ќе се достави барање за распуштање на Собранието. Но за сега нема таква иницијатива, ниту од ВМРО-ДПМНЕ ниту од наша
страна.


Нова демократија нема информации дека Собранието ќе се распушти до крајот на месецот. За неа донесувањето на нови закони по скратена постапка а, без мислење на поголемиот дел од опозицијата е преседан. Ова е лошо за демократијата, предупредува Флора Кадриу од оваа партија.

„Ова е блеф на премиерот. Од една страна вели дека ќе се распушти Собранието на 31, а од друга страна Собранието функционира за донесување закони.“

За експертите, пак, брзањето да се донесат закони во најкус можен рок, отвора можности за манипулации и превид кој ќе се одрази на регуларноста на изборите.

„Можат дури и несакајќи, а некогаш со намерда да се нарушат процедурите што ќе оди на штета на државата“, изјави политикологот Здравко Савески.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG