Достапни линкови

Здравството без кадри


Macedonia - People wear anti-flu masks while they are leaving the isolation hospital in Skopje, 09Nov2009

Macedonia - People wear anti-flu masks while they are leaving the isolation hospital in Skopje, 09Nov2009

Според познавачите, потребна е константна кадровска политика за подобрување на состојбите во јавното здравство.

Потребна е константност, избор на личности по начелото на
способност, политика на стипендирање, а не моментални решенија, во
водењето кадровска политика за потребите на здравствениот систем.
Ова се некои од реакциите на лекарите, откако Министерството деновиве
најави дека планира надоградба на здравствениот систем со поранешни
кадри како решение за дефицитот насатанат со одлевањето на
здравствени работници од јавното во приватното здравство. На
Клиничкиот центар, најизразена е состојбата на Гинокологија, на
Онкологија а и на Кардиологија има голем одлив. Д-р Дејан Ставриќ од
Синдикатот на Клинички центар оценува дека не е толку голем
недостатокот на кадар освен на посочените клиники кои се спомнуваат
како дефицитарни.
Може да биде делумно решение, може да биде привремено
решение, но трајно не. Тие кадри може да ги обучат помладите
кадри.

„Значи, може да биде делумно решение, може да биде привремено
решение, но трајно не. Тие кадри може да ги обучат помладите кадри.“

Професор Тихомир Крцковски, кој има искуство со раководење на Клинички
ценар, не може да се начуди како оваа институција се довела во
ситуација да нема трајна кадровска политика. Ако сега нема кадар не
може за пет месеци да се создаде со такво привремено решение, вели
Крцковски. Тој се соменева дека ќе има и мотив поранешниот кадар да
работи на клинички од финансиски аспект. Според Крцковски, наместо
ангажман на поранешни кадар, поголем ефект може да се постигне со
подобра оргнизација.

Министерот за здравство Бујар Османи на почетокот на изградба на нов Клинички Центар во Тетово на 13 август 2009 година

„Кадровска политика се планира со години. Но, зошто се испушти
кадровската политика од рака и се осипа здравството, тоа е друга
приказна.“

Од Синдикатот, пак, на Клинички велат дека имало и примери каде со
заминувањето на кадарот имало и поголема ефикасност.

„На некои клиники има намалување на работата и намалување на
квалитетот на работата, но на некои клиники резултатот е подобрување
на работата и квалитетот на работата“, вели Ставриќ.
На некои клиники има намалување на работата и намалување на квалитетот на работата, но на некои клиники резултатот е подобрување
на работата и квалитетот на работата.


Но во позадина на дебатата за потребата од надградба на системот со
поранешни кадри, познато е дека младите луѓе се почесто барат работа
во други земји. Во Македонија, специјализацијата чини илјадници евра,
а специјализантите работат, а не добиваат ниту денар. Министерот за
здравство неодамна презентираше нов правилник за специјализација. Во
меѓувреме, според некои информации, до коморите на здравствените
рабоници доставени се над 60 барања за издавање документи потребни
за работа во странство.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG