Достапни линкови

Гадафи повикува на прекин на странската интервенција


Либискиот лидер Моамер Гадафи денеска ја повика Контакт групата пред нејзиниот состанок во Лондон да ја прекине, како што изјави, варварската и неправедна офанзива против неговата земја.

„Вие во Европа и во Соединетите Држави не сфаќате дека оваа варварска и подла воена операција личи на кампањата на Хитлер додека ја освојувал Европа и ја бомбардирал Британија“, изјави Гадафи, наведувајќи дека Либија ќе прифати се што ќе реши Арапската унија.

На денешниот прв состанок на Контакт групата за Либија четириестина министри за надворешни работи ќе расправаат за текот на воената операција против Либија.
XS
SM
MD
LG