Достапни линкови

Од нуклеарката Фукушима истекува и плутониум


Плутониум истекува од нуклеарната централа Фукушима, но засега не претставува опасност по здравјето, соопштија денеска јапонските власти, наведувајќи дека плутониумот бил детектиран во помали количества на неколку места околу цнтралата. Тоа е за прв пат овој исклучително опасен радиоактивен елемент да се појавува по катастрофалниот земјотрес и цунамито кои ја оштетија нуклеарката. Ваквиот развој на настаните дополнително ги усложува напорите за разладување на прегреаните реактори. Плутониомот тешко се рапаѓа и ако се вдише останува засекогаш во телото на човекот при што може да предизвика канцерогани мутации.
XS
SM
MD
LG