Достапни линкови

Американската армија се извини за сликите од Авганистан


Американската армија се извини за неодамна објавените фотографии на американски војници кои позираат до убиени авганистанци. Вакви снимки беа објавени во американскиот магазин Ролингстоун и во германскиот Дер Шпигел. Во извинувањето се наведува дека фотографиите се во спротивност со стандардите и вредностите на американската армија. Еден од војниците на сликите Џереми Морлок во минатата недела беше осуден на 24 годни затвор за убиство и заговор.
XS
SM
MD
LG