Достапни линкови

logo-print

Обама: запрена воената кампања на Гадафи


Барак Обама

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека либискиот лидер Моамер Гадафи е тешко ослабен и оти неговата воена кампања против бунтовничките сили е запрена од меѓународната коалиција која ја спроведува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. Во синоќешниот говор за улогата на Вашингтон во либискиот конфликт, Обама истакна дека решил да се придружи на меѓународната коалиција откако Гадафи се заканил дека ќе ги продолжи убивањата на неговите противници за да го заштити својот режим. Тој нагласи дека САД ќе работи со своите сојузници за што побрзо заминување од власта на Гадафи, додавајќи оти НАТО утре ќе ја преземе командата врз операцијата во Либија.
XS
SM
MD
LG