Достапни линкови

Јапонија- и натаму состојба на максимална готовност


Наото Кан

Наото Кан

Јапонскиот премиер Наото Кан изјави дека неговата влада останува во состојба на максимална готовност во врска со кризата во нуклеарната централа Фукушима, предизвикана од земјотресот и цунамито. Говорејќи пред парламентарна комисија, Кан денеска истакна дека ситуацијата во централата и натаму е непредвидлива. Во меѓувреме, напорите за рестартирање на системот за ладење во Фукушима се отежнати поради истекувањето на радиоактивен материјал во воздухот, поради водата околу неа, а вчера беше јавено и за присуство на плутониум во околината на објектот.
XS
SM
MD
LG