Достапни линкови

logo-print

Постигнат одреден напредок во разговорите Белград-Приштина


Шефовите на преговарачките делегации на Србија и на Косово Борислав Стефановиќ и Едита Тахири синоќа во Брисел изјавија дека на разговорите е постигнат одреден напредок околу катастарот и матичните книги, како и за прашањето за снабдување со електрична енергија. Стефановиќ изрази надеж дека на следниот состанок ќе дојде до позитивно заклучување на овие теми, потврдувајќи ја изјавата на Тахири дека е договорено на Косово од Србија да му бидат доставени копии од матичните книги и од катастарот. Тахири изјави дека е постигнат напредок во областа на енергијата и телекомуникациите, но оти треба уште да се разговара.
XS
SM
MD
LG