Достапни линкови

logo-print

Израел: на терористите ќе им биде одземено државјанството


Авигдор Либерман

Авигдор Либерман

Израелскиот парламент синоќа го усвои законот со кој се дозволува укинување на државјанството на Израелците осудени за тероризам, антиизраелска шпионажа и за загрозување на суверенитетот на државата. Законот е предложен од десничарската партија Беитену на шефот на дипломатијата Авигдор Либерман, која го вети за време на предизборната кампања во 2009 година. По гласањето, Либерман изјави дека оние кои не и се верни на државата, не може да уживаат во привилегиите на државјанството на Израел. Пратениците од арапските партии не гласале, оценувајќи дека законот е фашистички.
XS
SM
MD
LG