Достапни линкови

Деминирање во Охридското Езеро


Охридското Езеро повторно се чисти и деминира од опасни убојни експлозивни средства, што на неговото дно лежат повеќе децении.

Од плиткиот дел покрај самиот кеј во центарот на Охрид кај градското пристаниште, до 20-ти април ќе се вади неексплодирано оружје, а акцијата што ќе продолжи и во крајезерското туристичко село Пештани на источната ривиера е втора фаза од проектот што почна лани во реализација на
Со оваа опрема ќе можеме подетално да вршиме пронаоѓање на неексплодираните убојни средства, за разлика од минатата година кога само визуелно можевме да ги констатираме и да ги извлекуваме.
специјално обучена екипа нуркачи за подводно деминирање на Агенцијата за заштита и спасување, со финансиска поддршка на американската влада и во соработка со меѓународен фонд за деминирање и заштита на жртвите од мини „ИТФ“ од Словенија.

„Покрај опремата што е донирана минатата година, годинава се донирани два подводни детектори и мамут пумпа. Со оваа опрема ќеможеме подетално да вршиме пронаоѓање на неексплодираните убојни средства, за разлика од минатата година кога само визуелно можевме да ги констатираме и да ги извлекуваме. Од тие причини, со детектирање и вадење на тоа што е останато, почнавме кај пристаништето, продолжуваме пред езерската полиција и потоа во Пештани“, вели Лидија Бјелица од Дирекцијата за заштита и спасување.


Акцијата има особена важност за Охрид и Охридското Езеро, кои како бисер на светското ретко природно и вредно културно-историско наследство три децении се под заштита на УНЕСКО.
Вадењето на неексплодираниот потенцијално опасен материјал од езерското дно, на места каде се капат граѓаните и туристите во летниот период има и безбедносно значење за најголемиот туристички центар во државава.

„Експлозивните направи се наоѓаат тука речиси сто години, така да познато
Експлозивните направи се наоѓаат тука речиси сто години, така да познато им е и на Охриѓани и на пошироката јавност, дека до сега не се има случено никаков инцидент. Но, тоа не значи дека треба да дозволиме и натаму да се наоѓаат во езерото овие неексплодирани убојни средства. Затоа агенцијата со меѓународна помош го чисти езерото.
им е и на Охриѓани и на пошироката јавност, дека до сега не се има случено никаков инцидент. Но, тоа не значи дека треба да дозволиме и натаму да се наоѓаат во Езерото овие неексплодирани убојни средства. Затоа Агенцијата, со меѓународна помош го чисти езерото, кое секако е од посебно значење за Македонија, под заштита на УНЕСКО, наш туристички центар, па и дирекцијата дава свој удел за негова заштита“, потенцира Бјелица.

Според неа, лани биле извадени импозантни 7.3 тони неексплодирани рачни бомби, мини, гранати и друг стар експлозив, што датира од периодот на Балканските и двете светски војни, а зад себе ги оставале војските, фрлајќи го во Езерото.

Убојните средства беа уништени на воениот полигон Криволак, каде и сега се деминираат. Изминатите години стари кубури и пушки од отоманскиот период, со друга акција за чистење на подводното депо од страна на Заводот за заштита на спомениците, беа извадени во стариот дел на градот кај Сараиште, кои по конзервацијата се чуваат во витрините на Охридскиот музеј.
XS
SM
MD
LG