Достапни линкови

Судир меѓу силите на Гадафи и бунтовниците во западот на Либија


Походот на либијските бунтовници во западниот дел на земјата денеска бил спречен од дефанзива на силите лојални на лидерот Муамар Гадафи, кои отвориле оган врз конвојот на приврзаниците на опозицијата, јавија медиумите. Голема битка се води за градот Мисрата. Војската го брани населеното место од офанзивата на бунтовничките сили кои денеска се пробија во истичниот дел на Либија, користејки ја предноста создадена од воздушните напади на меѓународната коалиција. Нападите во северноафриканската земја од вчера ги диригира НАТО, откако САД се повлече од челната позиција во меѓународната коалиција. Генералниот секретар на Алијансата Андрес Фог Расмусен изјави дека главна цел на интервенцијата е заштита на цивилите.
XS
SM
MD
LG