Достапни линкови

logo-print

Американски адвокат ќе го претставува екс претседателот на Украина на суд


Леонид Кучма

Леонид Кучма

Поранешниот претседател на Украина Леонид Кучма изјави дека ангажирал адвокат од САД да го претставува на суд, каде се соочува со обвиненија за инволвираност во убиството на новинар во 2000 година. Алан Дершовиц се придружи кон тимот задолжен за одбраната на поранешниот лидер. Правникот до сега има работено на неколку поголеми судски случаи. Кучма минатата недела беше формално обвинет за вмешаност во убиството на новинарот Георги Гонгадзе, остар критичар на поранешниот претседател. Неговото обезглавено тело беше пронајдено пред нешто повеќе од десет години во плиток гроб близу Киев. Станува збор за најконтраверзен злостор со индиции за политички мотив во пост-комунистичката историја на Украина.
XS
SM
MD
LG