Достапни линкови

logo-print

Хоџај: Приштина е за конкретен резултат во разговорите со Белград


преговарачите зна Косово и Србија во Брисел

преговарачите зна Косово и Србија во Брисел

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај денеска во Загреб изјави дека Приштина ќе направи се што е потребно за дијалогот со Белград да има конкретен резултат. „Ниту една држава не може да стане членка на ЕУ доколку со соседите има отворени прашања и поради тоа позитивно ќе пристапиме кон дијалогот и ќе направиме се што е потребно за да постигнеме конкретерн резултат“ рече Хоџај по средбата со хрватскиот колега Гордан Јандроковиќ. Шефот на хрватската дипломатија нагласи дека Хрватска силно го поддржува „почетокот на техничките преговори меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ“ и дека е „заинтересирана овој дијалог да даде конкретни резултати“.
XS
SM
MD
LG