Достапни линкови

ОБСЕ го осуди нападот на новинар во Азербејџан


Сејмир Хазиев

Сејмир Хазиев

Европската ОБСЕ го осуди нападот врз колумнист во азербејџански дневен весник и повика власта да се спротистави на насилството врз новинарите. Дуња Мијатович, претставникот на организацијата за слобода на медиуми изјави дека нападот врз Сејмир Хазиев, кој се случи викендов, е недопустлив. Во изјава за Радио Слободна Европа колумнистот потврди дека бил нападнат од шест маскирани лица во саботата. Напаѓачите му се заканиле дека повторно ќе го тепаат ако продолжи да пишува критики против владата.
XS
SM
MD
LG