Достапни линкови

Несогласувања околу распуштањето на македонското Собрание


Премиерот Никола Груевски денеска повтори дека 31 март е најсоодветен термин да се распушти Собранието и за распишување предвремени парламентарни избори. Запрашан кога ќе се случи изборот за претседател на ДИК, премиерот одговори оти тоа ќе се случи тогаш кога претседателот на Собранието ќе ја стави точката на дневен ред на собраниска седница. Опозициската СДСМ реагираше со писмена реакција. „Како Груевски планира да го распушти Собранието пред да го донесе Изборниот законик кој е ставен на дневен ред на Собраниска седница на 1 април?“, се вели во соопштението од опозициската партија.
XS
SM
MD
LG