Достапни линкови

Грција се закани со тужба против Турција во Хаг


Димитрис Друцас (десно)

Димитрис Друцас (десно)

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Друцас упати повик до Турција за конечно решавање на грчко-турскиот спор околу ширината на појасот на територијалните води во Егејското Море или во спротивно се закани дека Атина „ќе се обрати за помош“ во Меѓународниот суд на правдата во Хаг. „Ние го прифаќаме фактот дека Турција во моентов се наоѓа пред избори. Но после изборите доаѓа момент на вистината: Или ќе најдеме решение за спорот или одиме во Хаг“ изјави Друцас во интервју за истанбулскиот дневен весник „Хуриет“. Парламнетраните избори во Турција се закажени за 12 јуни оваа година. Грција и Турција со децении спорат околу ширината на појасот на територијалните води во Егејското Море, што во изминативе 25 години двете земји во два наврати ги доведе на работ на војна, која беше избегната благодарение на интервенцијата на ЕУ и САД.
XS
SM
MD
LG