Достапни линкови

НАТО ги диригира нападите во Либија, бунтовниците напредуваат


бунтовник ја расекува фотографијата на лидерот Муамар Гадафи

бунтовник ја расекува фотографијата на лидерот Муамар Гадафи

НАТО вчера ја издаде првата команда за прелетување на Либија, откако ја превзема контролата во мисијата од Соединетите американски држави, потврди денеска Генералот Чарлс Боучард кој е одоговорен за операциите на АЛијансата во северноафриканската земја. Претходно, генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен, потврдувајки дека организацијата сега ја контролира мисијата за подршка на спроведувањето на резолуцијата на Обединетите нации, изјави дека целта на операциите е заштита на либијските цивили. Во меѓувреме, борените авиони на Алијансата извршија бомбардирање на Сирт, родното место на лидерот Муамар Гадафи. Нападите на меѓународната коалиција им овозможија напредок на бунтовниците кои се пробиваат во источните делови на земјата. Приврзаниците на опозицијата повтрорно ги контролираат градовите Рас Лануф, Брега, Укајла и Бин Јавад во истокот на Либија. Опозиционерите исто така тврдат дека се пробиле во Сирт, родниот град на Гадафи каде, како што велат, не наишле на отпор. Екплозии вчера имаше и во главниот град кој го контролира Гадафи, Триполи
XS
SM
MD
LG