Достапни линкови

Либијските бунтовници напредуваат кон истокот на земјата


Силите лојални на лидерот Муамар Гадафи се повлекуваат од клучни позиции во Либија, додека бунтовниците, користејки ја предноста која ја добија од воздушните напади на меѓународната коалиција, повторно ја преземаат контролата во населените места во истокот на северноафриканската земја. Приврзаниците на опозицијата повтрорно ги контролираат градовите Рас Лануф, Брега, Укајла и Бин Јавад. Опозиционерите исто така тврдат дека се пробиле во Сирт, родниот град на Гадафи каде, како што велат, не наишле на отпор.
XS
SM
MD
LG