Достапни линкови

logo-print

Русија со нови критики за странската воена интервенција во Либија


Сергеи Лавров

Сергеи Лавров

Русија смета дека нападите врз силите на либијскиот лидер Муамар Гадафи се исти како интервенциите при граѓанска војна. Рускиот министер за надворешни работи Сергеи Лавров изјави дека резолуцијата на Обединетите нации за затворање на воздушниот простор, која беше донесена на 17 март, имала единствена цел да ги заштити жителите на Либија. Како и да е, извештаите покажуваат дека директно се напаѓаат силите на Гадафи и се подржуваат приврзаниците на опозицијата, дополни Лавров, нарекувајки ги анти-владините демонстранти „вооружени бунтовници“. Русија во Советот за безбедност при Обединетите нации има право на вето, но одлучи да не ја блокира резолуцијата во која се наведува дека „сите потребни мерки за послушност“ мора да бидат превземени со цел затворање на воздушниот простор над северноафриканската земја.

Во меѓувреме, силите на либискиот водач се повлекуваат, додека опозициските бунтовници на неговиот режим воспоставија контрола врз сите поважни нафтени терминали во источна Либија.

XS
SM
MD
LG