Достапни линкови

Засилена изборна кампања


Изборни кампања, без датум за избори

Изборни кампања, без датум за избори

Според експертите, партиите засилено се позиционираат во пресрет на предвремените парламентарни избори

Засилена кампања, иако е неизвесен датумот на предвремените избори. Ова ги одбележува случувањата на политички план по последното барање на
Пленарната седница за избор на претседател на ДИК неделава нема да се одржува, така што очекуваме дека во меѓувреме може да се постигне некаков договор да се оди со компромис или со разбирање, да се изгласа претседателот на ДИК и другите законски решенија.
Црвенковски, Управата за јавни приходи да не презема дејства против А1 до изборната кампања и одговорот на лидерот на владејачката партија Груевски кој беше во насока на препорака тој да се откаже од незаконски барања.

Во коалицискиот партнер на власта ДУИ оставаат простор и натаму во наредниот период да се деблкира политичкиот процес и СДСМ да се врати во парламентот. Минатата недела на собраниска комисија поминаа измените на Изборниот закон со што оваа недела се отвори пат решението да се најде пред пратениците. Денеска нема собраниска седница, а оваа недела нема седница на која треба да се гласа претседател на ДИК.

„Пленарната седница за избор на претседател на ДИК неделава нема да се одржува, така што очекуваме дека во меѓувреме може да се постигненекаков договор да се оди со компромис или со разбирање, да се изгласа претседателот на ДИК и другите законски решенија“, изјави Тахир Хани од ДУИ.

Никако да се договорат

Парламентарната криза беше тема на средбата на премиерот Груевски со еврокомесарот Филе. По оценката на Груевски дека најновиот предлог на Црвенковски е уште еден блеф, во СДСМ остануваат на својот став дека ВМРО-ДПМНЕ бега од демократски и фер избори.

Неизвесно е како ќе заврши ситуацијата, бидејќи веднаш по повикот на Црвенковски, полицијата заплени возлила кои диструбираат весници. Експертите сметаат дека сите натегања меѓу политичките лидери, услови и состаноци се водење кампања пред таа да почне.
Сметам дека договорот е пред склучување и не верувам дека ќе влеземе во предвремени избори кои ќе ги бојкотира опозицијата.

„Сметам дека договорот е пред склучување и не верувам дека ќе влеземе во предвремени избори кои ќе ги бојкотира опозицијата“, изјави Алберт Муслиу.

Политичкиот аналитичар Жидас Даскаловски не ја исклучува можноста да има избори без најголемата опозициска партија СДСМ.

„Може да ни се случи, но тоа нема да значи дека нема да има опозиција, туку нема да има учество на главната опозициска партија.“

Во меѓувреме, некои анкети покажуваат благ пад на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Некои аналитичари ова го поврзуваат со натегањата меѓу политичките лидери кога да се одржат избори.

„Во секој случај се работи за борба на партиите за рејтинг и позиционирање пред електоратот“, вели Даскаловски.

Црвенковски, на последната прес-конференција предложи избори на 26 јуни. Според агендата на ВМРО-ДПМНЕ се предлага овој датум да биде во мај.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG