Достапни линкови

Ваши коментари


Во целата бркотница околу тоа дали ќе има предвремени избори или не, дали и кој ќе попушти и ќе прифати барања за фер избори, минува и судскиот процес Македонија против Грција во Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Очигледно нашите граѓани се свесни дека политиката ја навјасува правдата, па и во одговорите во нашата видео-анкета и во коментарите во Хајд Паркот тоа се гледа многу очебијно.

Морис е свесен дека НАТО е организација која има свои правила и дека во завршната декларација од Самитот во Букурешт пишува „ние“, што значи сите членки на НАТО се согласни дека Македонија ќе биде примена во членството кога ќе го реши проблемот со Грција. Според Морис, државава избрзала и требала да го чува Хаг како адут за посилен притисок врз Грција во преговорите, но дека тоа било политичка одлука на македонската Влада и немало потреба граѓаните да кажуваат дали е правилна или не. Таа е подложна на дискусија, пишува Морис, но ние сакаме Македонија да си ја добие правдата во Хаг. Морис исто така смета дека нашите политичари многу лесно манипулираат со името заради добивање гласови, а кога ќе ги прашате за ставот околу името, вртат наоколу.

На прашањето во Хајд Паркот, каква одлука очекувате во Хаг, Васил вели: „Никаква! Ништо. Тонеме секој ден. Само Грујо знае што прави и смислува избори додека има уште малку рејтинг“, завршува Васил, кому му одговара Игор кој вели да не ја извртува вистината, затоа што Б.Ц. бил тој што 6 месеци барал избори, а сега не сакал. На Васил му одговара и Ставре кој смета дека сите што се замешани во некаква мафија, Грујо им бил крив.

Коментари во врска со судскиот процес во Хаг има и на другите наши текстови во врска со процесот.

За што ќе одат парите од ММФ?

Владимир Петровски пишува дека Судот ќе се прогласел за ненадлежен бидејќи нема правен акт за ветото на Грција и дека НАТО не бил опфатен во договорот помеѓу двете држави. Зошто се потрошија толку пари? - прашува на крајот Владимир Петровски.

Има и неколку интересни ваши пораки, почитувани, на нашиот текст за 10-годишнината од конфликтот во Македонија, при што некој слушател на Радио Слободна Европа потпишан со Буги очекува и Македонците и Албанците да се освестат дека се е масло на политичарите. Буги му ја објаснува поентата на текстот на Миле од Охрид, кој инаку си вети самиот себеси дека нема да пишува повеќе пораки на нашата веб-страница и нема да го слуша Радиото, но очигледно не може да одолее, па повторно фрла дрвја и камења по нашево Радио и по нашите новинари. Буги му препорачува на Миле да си ги отвори очите и дека тој што навредува тоа само кажува за него, каков човек е. Браво за Слободна Европа, ја завршува пораката Буги.

Дека кредитот од ММФ Владата ќе го користи во предизборјето го испровоцирало Артур Кинг од Камелот да напише: „Господ нека ни е на помош. А на овие од власта да не им прости никогаш, зашто знаат што прават.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG