Достапни линкови

logo-print

Над 50 насто граѓани сметаат дека во Македонија има дискриминација


Мнозинството македонски граѓани - 53,3 отсто, сметаат дека во земјава има дискриминација и оти најчеста е по политичка и по етничка припадност. Перципирана дискриминација е повеќе од двојно поголема отколку доживеаната како жртва и сведок, а нивниот сооднос е 67,7 спрема 31,9 отсто.
Ова го покажува анкетата што ја направи Институтот за демократија „Социетас цивилис“ за потребите на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Во истражувањето „Дискриминацијата во Македонија по основ на етничка припадност“ се наведува дека најчести области на дискриминација се при вработувањето и услугите на јавната администрација, а особено на полицијата и здравството, но и во кафе-баровите, дискотеките, базените и во образованието.
Од испитаниците 57,9 отсто би се согласиле припадник на друга етничка заедница да биде избран на висока политичка функција што е помалку во однос на претходната анкета од 2009 година кога нивниот број изнесуваше 66 отсто.
XS
SM
MD
LG