Достапни линкови

Албански емигрант се самозапали во Италија


Во болницата во италијанскиот град Палермо, по десетдневна агонија почина албанскиот државјанин кој се самозапали, јави МИА.
Албанскиот емигрант Ѓерѓ Семири во знак на незадоволство од својот работодавач, кој подолг период не му исплаќал плата се попрскал со бензин и се самозапалил. И претходно тој се заканувал дека ќе се самоубие, но работодавачот тоа не го сфатил сериозно.
Семири подолг период живеел во Италија, во градот Рагусано, со сопругата и нивната ќерка.
XS
SM
MD
LG