Достапни линкови

logo-print

ОН - бројот на азилантите во индустриските земји опаѓа


Атина - бегалци од Иран

Атина - бегалци од Иран

Aгенцијата за бегалци при Обединетите Нации соопшти дека бројот на бегалците кои бараат азил во западните земји продолжил да опаѓа и минатата година. Во извештајот се наведува дека лани азил во индустриските земји побарале 358.800 лица. Тоа е за 5 насто помалку од 2009 а за 42 насто помалку од 2001 година.
Најголем пад на азиланти има на југот на Европа во земјите како Грција, Италија и Малта додека бројот на апликантите за азил се зголемил во 2010 во Германија, Шведска, Данска, Белгија и Франција. САД пет години по ред и натаму се земја која најмногу прима азиланти.
XS
SM
MD
LG